Реклама

Две семејни тепачки викендов во Велес

tepacka

Две семејни тепачки се случија викендов во Велес. Првата избила во саботата околу пладне помеѓу дедо и зет, а во втората, синоќа околу 20 часот, бил употребен и тврд предмет, соопшти полицијата.

Zito akcija 640x289px

„На 30.01.2021 во 11.50 часот во СВР Велес, Д.Ѓ.(61) од Велес пријавил дека на ул.„Славе Петков“ во Велес бил физички нападнат од неговиот зет А.З.(31). На 31.01.2021 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејниот дом на ул.„Вера Циривири“ во Велес настанала физичка пресметка помеѓу И.Е.(59) и Е.Е.(56) од Велес, при што И.Е. употребил дрвен предмет. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес“, соопшти Верољуб додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18232/nikola-risteski-go-napushta-borecz-2/