Убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, бил фатен од бугарската полиција откако жената со која живеел во Софија во населбата Младост го пријавила за насилство.
Оваа информација ја потврди, Бугарското национално радио.
По пријавата, полицијата открила дека тој е баран од Интерпол за убиство во Македонија. Засега не е познато дали жената што го пријавила Спасов знаела за убиството.
Спасов влегол во Бугарија откога некое време живеел во Турција, а се утврдува кога и како влегол во земјата, Спасов беше приведен вчера и спроведен во притвор по што ќе треба да биде екстрадиран во Македонија.
Убиството на Мартин Нешковски се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.
Спасов казната затвор ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Се бараше на територија на државата, но кога истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.
Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов, успеал да ја напушти државата.
Можеби ќе ве интересира: