Бројојката на новозаразено од ковид-19 во Велес се зголемува. Денес Министерството за здравство регистрира 28 нови позитивни случаи на коронавирусот, девет велешани се озравени, со што бројката на активни случаи во градов е 274.
Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје:во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес – 28, Куманово – 18, Охрид – 18, Тетово – 17, Струга – 16, Делчево – 16, Прилеп – 12, Демир Капија – 7, Струмица – 5, Радовиш – 5, Гостивар – 4, Битола – 4, Кичево – 4, Гевгелија – 4, Неготино – 4, Крива Паланка – 4, Крушево – 4, Штип – 3, Кочани – 3, Кратово – 3, Свети Николе – 1, Дебар – 1, Ресен – 1, Берово – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.
Регистрирани се 399 оздравени пациенти, починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.
Можеби ќе ве интересира: