31-годишен маж од велешкото село Горно Оризари ја истепал својата 11 години помлада сопруга. Инцидентот се случил вчера попладне, во нивната семејна куќа во селото, јави полицијата.
„На 02.02.2021 год. околу 17.00 час. дваесетгодишна жена од с.Горно Оризари – велешко, во нивната семејна куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.К.(31)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: