Општина Кавадарци воведува новини за санирање на оштетен асфалт, кои се користат во развиените држави. Отккао пред две години општината набави мобилна асфалтна база, преку која, со рециклиран асфалт ги крпеше ударните дупки, сега овој процес се усовршува, преку користене на пластичен асфалт.
„Ова е поиновативна и нова тенхологија. Пластичниот асфалт се нанесува на пукнатини и дупки, на места каде што не мора да се вади стариот асфалт, не мора да се гребе и реконструира и го продолжува векот од 3 до пет години на самиот асфалт“, рече Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.
Новиот метод со кој ќе се крпи асфалтот во Кавадарци е прв од ваков вид во земјава, а според Јанчев, тој ќе заштеди и пари и време за реконструкција на оштетените улици.
Можеби ќе ве интересира: