Основното јавно обвинителство Скопје во текот на вчерашниот ден до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за лишување од слобода на две лица – креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. По наредбата е постапено и лицата се лишени од слобода.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Пред една недела Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата фејксбук страница објави дека се уапсени две лица, од кои едно од Велес, поврзани со аферата „Јавна соба“ група на социјалната мрежа Телеграм, на која се споделуваат експлиџитни фотоградии од девојки од кои многи од нив се малолетни.
„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите“, напиша министерот Оливер Спасовски“.
Mожеби ќе ве интересира: