Уште една жртва на ковид-19 во Велес

Veles od Crna Djamija
Veles od Crna Djamija

Коронавирусот зема уште една жртва во Велес. Велешанец на 54 годишна возраст починал во велешката болница како последица на ковид 19. Регистрирани се и 12 нови позитивни случаи на ковид 19, и шест оздравени. Активниот број на случаи на ковид 19 во Велес е 252.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 179-Кавадарци 17-Прилеп 16-Велес 12-Охрид 11-Тетово 10-Битола 7-Делчево 6-Гевгелија 5-Неготино 5-Куманово 4-Гостивар 4-Струмица 4-Струга 4-Радовиш 4-Демир Хисар 4-Демир Капија 4-Кичево 3-Крушево 3-Штип 2-Свети Николе 2-Крива Паланка 2-Ресен 1-Пробиштип 1-Виница 1-Валандово 1-Кратово 1-Дојран 1.

Agria

Регистрирани се 210 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Куманово (73г и 81г) и од Охрид (55г и 85г) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80г), Велес (54г), Струмица (80г) и Берово (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: