Реклама

Во велешката болница двојно повеќе хоспитализирани ковид пациенти неделава во однос на минатата

Bolnica Veles

Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница двојно се зголеми неделава, откако минатата недела тој падна под 20. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 37 пациенти, од кои 27 имаат потврдени позитивни тестови, еден е сомнителен случај, а деветмина имаат негативни тестови, но ии е потребно болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На инфективното одделение се хопитализирани 32 пациенти, а на интерното одделение се сместени петмина.

Zito akcija 640x289px

Денеска се регистрирани нови девет случаи со коронавирус во Велес, кои се дел од вкупно 404 нови случаи во земјава. Неделава од ковид-19 починаа четворица велешани, од кои најмладата пациентка имаше 48 години.

Agria

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 3167 велешани, од кои 2810 се излекуваа, а починаа 105 пациенти. Во моментов се уште активни се 252 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18383/video-borecz-pouspeshen-od-tretoligashot-nu-stars-vo-deneshnata-kontrola/