Борец го комплетира ростерот за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Откако стоперот Стојан Стојчевски се замина во Македонија Ѓ.П., велешани го потпишаа довчерашниот стандарден член на одбраната на „лавовите“ Филип Мишевски.
Мишевски е искусен, 29-годишне фудбалер, кој во есенскиот дел ги одигра речиси сите средби во Македонија Ѓ.П., а постигна и еден гол. Се работи за десен бек, кој може да игра и како дефанзивен играч за врска и порано бил член на Пелистер, Скопје, Тиквеш и Работнички.
Велешани се засилија и со младиот, 17-годишен Мартин Талаков, кој дојде како позајмен играч од Академија Пандев. Талаков е играч од средниот ред, кој ќе ја зголеми конкуренцијата, по заминувањето на Никола Прелчец и повредата на Фернандо Силва.
Од таборот на Борец велат дека се во преговори со уште еден напаѓач, со чие евентуално ангажирање, ќе се затвори списокот на играчи кои ќе конкурираат за првиот тим во пролетниот дел од сезоната.
Во зимскиот преоден рок Борец го напуштија Десниќ, Трајановски, Радовиќ, Станковски, Марјан Ристовски, Пеев и голманот Мустафа. Откако досегшниот сопственик Кочо Анѓушев најави дека ќе се повлече од спонзорирање си заминаа и Прелчец, Стојчевски и Никола Ристески, а само што потпишаа за Борец, заминаа и Борха и голманот Сиљановски.
Од друга страна, Борец го ангажираше голманот Андреја Ефремов, ја засили одбраната со искусниот поренешен репрезентативец Ванче Шиков и Филип Мишевски, а на проба е и Србинот Никола Терзин, во средниот ред дојдоа 21-годишниот Лука Трајковски и младиот Мартин Талаков, а во нападот одличниот хрватски интернационалец Еди Баша и Александар Мишов, кој имаше добри настапи за Борец во подготвителните натпревари.
Можеби ќе ве интересира: