понеделник, 24 јуни, 2024
Реклама

Ова се правилата и исклучоците во полицискиот час

Policiski-cas

Од денеска за првпат во историјата на нашата земја се воведува полициски час на целата територија. Тој ќе важи од 21 до 6 часот и тоа значи дека во тој период се забранува движење на населението.

Zito akcija 640x289px

Тоа вчера во вонредно обраќање го соопшти премиерот Оливер Спасовски потенцирајќи дека само така ќе си ги спасиме народот и државата.

Agria

ИСКЛУЧОЦИ ОД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Од забраната за движење од 21 до 6 часот ќе има исклучок само за неколку категории на граѓани:

Лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои се во животнозагрозувачка состојба и лица на дијализа – за нив е дозволена придружба на најмногу две лица. Ако полициска контрола го запре возилото, по завршувањето на медицинскиот преглед дополнително ќе се проверува оправданоста;

Вработени во јавните здравствените установи – директорите на овие установи ќе изготват список на вработените за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење во време на полицискиот час и тој список ќе го достават до МВР или друга институција кои ќе им изготват специјални пропусници;

Припадниците на МВР;

Припадниците на Армијата;

Припадниците на противпожарните екипи;

Вработените во комунална хигиена;

Дежурни таксисти – такси компаниите имаат обврска да воведат дежурства со ограничен број на возила и истите ќе може да се користат исклучиво за превоз кон и од болница или аптека;

Дежурни екипи на ЕВН, водовод и канализација, телекомуникациски служби и на топлификација – тие смеат да се движат само по претходна најава на 192.

ПРАВИЛА

Аптеки – бројот на дежурни аптеки ќе се ограничи. Во полицискиот час ќе дежураат само аптеките кои се локациски поврзани со болниците и амбулантите. Во време на полицискиот час пристап во аптеките ќе имаат само оние граѓани кои ќе приложат доказ дека извршиле медицински преглед;.

Фабрики – директорите и управителите на погоните и фабриките мораат да го прилагодат своето работното време и производство согласно забраната за движење во полицискиот час;

Јавен превоз – во периодот од 21 до 6 часот воопшто не смеат да возат автобусите на јавниот превоз.

Покрај рестрикциите кои важат за полицискиот час, Владата на вчерашната седница донесе одлука и трговските субјекти, аптеките и јавните установи чии услуги ги користат граѓаните. Обврската која им ја наметна Владата на нив е да се ограничи бројот на граѓани внатре согласно големината на објектот односно во исто време ќе смеат да влезат само онолку граѓани колку што има каси или шалтери внатре.

Исто така, уште една мерка која ја донесе владата вчера и важи и надвор од полицискиот час се однесува на меѓуградскиот и јавниот превоз. Тие треба да го ограничат капацитетот на патници на 50 проценти или да има задолжително растојание од најмалку два метри помеѓу патниците.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција најави дека исклучок од полицискиот час ќе има и за новинарите, снимателите и фоторепортерите.