Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ вчера ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави дека ги промовира првите десет од вкупно 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година, а станува збор за десет метлачки за одржување на хигиената на јавните површини – сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари. Инаку машините се од брендот Green machines кои всушност ги произведува велешката компанија Брако.
„Вистински ги трошиме градските пари, за потребите на градот и за потребите на граѓаните. Знаете дека во 2019 година почнавме со нов концепт за третман на комуналниот отпад, тогаш беше набавена сериозна механизација, ова денеска е втора фаза, а во третата фаза пролетва ќе пристигнат преостанатите 37 возила. Со тоа, ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и го намалуваме материјалниот трошок за неговото работење. Покрај контејнерите и кантите за џебен отпад што ги поставивме во изминативе две години ова ќе помогне да имаме целосно поинаков концепт на третман на јавните површини – рече градоначалникот Петре Шилегов, на вчерашната промоција на новите машини за чистење.
Инаку, возило на Брако кое чистеше се појави и во Белата куќа за инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден. Ова е доказ за квалитетот на овие производи, кои се заштите знак на Green Machines, компанијата чиј сопственик е велешкиот гигант.
Овие возила на Green Mаchines се дел и од холивудски блокбастери, а се појавуваат и во сцени од научно-фантастичните филмови „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.
Можеби ќе ве интересира: