Реклама

Почнете да носите поквалитетна маска, па дури и две одеднаш, велат експертите

Експертите советуваат дека е време да почнете да носите подобри маски, па дури и две одеднаш. Научниците веќе некое време се согласуваат дека главен начин на пренесување на заразата е преку воздух, а не преку површини. Во периодот кога експертите почнаа да препорачуваат да се носи маска, опција беа и помодните варијанти, како бандани, но тие се далеку од идеални.

Zito akcija 640x289px

„Колку добро функционира маска, зависи од две работи: филтрација и легнување. Дури и мала празнина може да доведе до намалување на перформансите за 50 отсто. Најдобрите материјали за блокирање мали честички се неплетен полипропилен, што се користи во повеќето хируршки маски и во маските Н95 и ХЕПА филтрите од авионите. Од ткаенините, најдобро делува цврсто плетениот памук. Ако носите платнена маска, изберете една со повеќе слоеви“, вели Линзи Мар, професорка по цивилно и еколошко инженерство на Вирџинија Тек.

Agria

Американските центри за контрола и превенција на болести велат дека тесните маски или носење платнена врз хируршка маска може да ја намали трансмисијата за повеќе од 95%. Хируршките, сини маски се направени од квалитетен материјал, но олабавуваат, па е пожелно врз неа да се носи платнена. Тоа ја подобрува и филтрацијата, велат експертите. Друга опција се маските Н95, КН95 и ФФП2.

„Тие се златен стандард за маски. Сите тие гарантираат слично ниво на филтрација, односно заштита од излегување и влегување на честичките“, вели здравствениот експерт Рану Дилон од медицинското училиште Харвард.

Можеби ќе ве интересира: