Општина Велес aпелира сопствениците дуќани да си го исчистат пристапот

Општина Велес преку соопштение ги повика сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти да го исчистат пристапот до нивните објекти како не би дошло до несакани незгоди.

Zito akcija 640x289px

Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив.

Agria

Отстранувањето на снегот од отворените јавни  простори пред деловните објекти е согласно член 22 од Законот за јавна чистота  и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на Општина Велес.

Доколку сопствениците или корисниците на деловните објекти не го исчистат снегот пред објектите, надлежните инспекциски служби ќе преземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности согласно Законот за јавна чистота.

Нов снег нема да има, освен на повисоките планини. Но затоа УХМР предупредува на „ледени“ температури во вечерните часови. Утре во земјава се очекува најниската температура да биде 18 степени под нулата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18587/venko-filipche-vo-vakczinaczijata-nema-politika-nemame-problem-da-ja-nabavime-ruskata-vakczina/