Бројката на заразени со ковид-19 во Велес достигна 3300

Veles od Crna Djamija
Veles od Crna Djamija

Нови 11 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирано во Велес во последното деноноќие, објави Министерството за здравство. Седум велешани го победија вирусот, бројот на активни случаи во Велес е 235.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5,  Струмица и Гевгелија – по 4,  Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: