Уште еден велешанец ја изгуби битката со ковид-19

veles

Ковид статистиката на Министерството за здравство регистрира шест нови случаи на коронавирус во Велес. Оздравени се четири велешани, со што бројката на активни случаи во градот е 236. Сепак еден велешанец на 66 годишна возраст ја изгуби битката со вирусот.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2 383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.

Agria

Регистрирани се 168 оздравени пациенти, Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г)  и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3 010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18654/zapochna-vakczinaczijata-protiv-kovid-19-vo-makedonija/