Во пораст бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешката болница

Bolnica Veles

За еден ден во велешката болница се примени шест нови пациенти со ковид-19, по што бројот на хоспитализирани скокна на 39. Од нив, 30 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни, а тројца имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се осум пациенти. На инфективното оддееление има 34 пациенти, а на интерното се сместени петмина.

Zito akcija 640x289px

Откако по новогодишните празници бројот на хоспитализирани ковид пациенти секојдневно се намалуваше, а пред дваесеттина дена падна на само 17, сега повторно се приближува до 40. Во Велес во моментов има 236 активни случаи со коронавирус.

Agria

Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови шест случаи со коронавирус, а еден велешанец на 66-годишна возраст почина како последица на ковид-19. Во истиот период се регистрирани и четворица оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата се заразија 3306 велешани, од кои 2963 се излечија, а 107 починаа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18657/ushte-eden-veleshanecz-ja-izgubi-bitkata-so-kovid-19/