Владата и Сојузот на средношколци изнајдоа заедничко решение со кое секој матурант ќе може да се запише на било кој факултет во државата или надвор.
„Наставниците треба материјалите за полагање и прашањата да ги подготват и споделат најдоцна три недели пред денот на испитот. Тие треба да содржат најмалку 60, најмногу 100 прашања. Се договоривме за зголемување на коефициентот кај несоодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени“, истакна Бленди Ходаи.
Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.
Можеби ќе ве интересира: