(ВИДЕО) Семејството Маневи од Велес ќе ја чека Годишната програма за култура за да им се реновира куќата

Велешкото семејство Маневи чија куќа заштитена со закон беше една од двете кои изгореа пред 14 месеци, со нетрпение ја чека Годишната програма за проекти од културата. Но, не затоа што конкурирале на конкурсот, туку оти од тоа им зависи дали повторно ќе имаат покрив над глава.

Zito akcija 640x289px

Овој случај на површина ја извади тромоста на и така прекомплицираниот државен механизам за заштита на оштетеното културно наследство. Маневи една година и два месеци живеат кај роднини, пријатели и комшии, оти толку време надлежните институции им ветуваат дека ќе почне санацијата на нивната куќа, која е дел од познатата велешка месност „Варналиите“.

Agria

Љубица Манева вели дека само неколку дена по пожарот, ги посетил првиот човек на Заводот за заштита на културното наследство Ацо Костов.

„Првите денови после пожарот доаѓаа, мереа и ветуваа, како тоа да им е приоритет. Точно е дека фати и короната, сè разбирам. Меѓутоа, работата мора да се работи. Не можеме ние на улица да останеме, рече Љубица Манева, сопственичка на една од изгорените куќи.

Откако ТВ 24 и Батали.нет вчера ја објавија сторијата за семејството Маневи, од Националниот конзерваторски центар надлежен за обновување на спомениците на културата соопштија дека тие немаат буџет, па за сите свои проекти еднаш годишно конкурираат во Министеерството за култура, како сите други владини и невладини организации од културата.

Директорот на Заводот за заштита на културното наследство Ацо Костов веднаш по пожарот кај Варналиите предупреди дека државата со години го запоставува културното наследство, а дека се правени само површни реконструкции на овие куќи, без да се реконструираат, со одредени компромиси, за да се направи трајно решение.

„Гледаме дека на некои од објектите во комплексот сè уште се гледа бојата од варосувањето, каде што се интервенирало во 2016 година. Но тоа се фрлени пари во Вардар, затоа што тоа не е начин и принцип на конзервација само да ги офарбаш објектите, туку треба темелна реконструкција на нив“, изјави Ацо Костов – директор на Завод за заштита на културното наследство, на 26.12.2019 година, шест дена по пожарот.

Во меѓувреме, не само кај Варналиите, Велес губи и други куќи со драгоцена автентична архитектура, сместени во старото градско јадро, откако минатото лето дел од нив се урнаа.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/723861591665304

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18661/video-veleshkoto-semejstvo-manevi-14-meseczi-e-bez-pokriv-nad-glava/