Светската ракометна сцена денеска го загуби Златко Сарачевиќ (59), легендарниот ракометар и актуелен тренер на Подравка.
Сарачевиќ денеска го водеше својот тим до победа над Локомотива во дерби средбата од хрватското првенство, а му се слошило веднаш откако дал изјава за медиумите.
Експресно е пренесен во болницата во Копривница, но лекарите не можеле да го спасат неговиот живот.
Во последниот период тренерот на Подравка беше под голем притисок поради неуспесите во Лигата на шампионите, но вечерва и се радувал на големата победа во хрватското дерби, кое вообичаено значи и титула.
Сарачевиќ е легенда на хрватскиот и југословенскиот ракомет, со југословенската репрезентација стана светски првак во 1986 година, освои олимписка бронза во Сеул со Југославија и олимписко злато во 1996 година со Хрватска.
Преземено од derbi.mk
Можеби ќе ве интересира: