понеделник, 1 март, 2021
Реклама

Прехранбено – технолошки центар за развој на иновативни продукти се формира во Велес

Центарот за развој на Вардарски плански регион и Технолошко – техничкиот факулетет од Велес, преку Грантова шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој формираа Прехранбено – технолошки центар за развој на иновативни продукти. Овој технолошки Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентност, преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис секторот од прехранбената индустрија и академската институција во Вардарскиот плански регион.

Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) е формиран преку Грантовата шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Kegi Mobi

Овој Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис заеницата од прехранбениот сектор и академската институција, односно Технолошко – техничкиот факултет (ТТФ), единица при универзитетот „Св. Климент Охридски“ лоцирана во Велес. Притоа, Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постоечките производи и технологии. Услугите на Центарот ќе бидат достапни и за заинтересираните дипломирани и актуелни студенти на сите три циклуси студии, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и претприемачки потенцијал со цел да започнат сопствен бизнис.

Во рамките на проектот набавена е лабораториска опрема со цел да се докомплетира лабораториската инфраструктура на Факултетот за анализирање на суровини и прехранбени намирници, и тоа:

– автоматизирана опрема за определување на протеини по Kjeldahl

– автоматизирана опрема за определување на масти по Soxlet

– инструмент за определување на активитет на вода (aw)

Центарот ги нуди следниве услуги за компаниите и младите претприемачи:

  • Стручни совети и спроведување на истражување во развојот на иновативни производи на партнерите од бизнис секторот со посебен фокус на прехранбениот сектор
    • Лабораториски анализи на суровини и прехранбени производи
    • Право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки, кои се во сопственост на факултетот
    • Стручна помош при подготовка на проектни апликации
    • Совети во секојдневната пракса поврзани со имплементацијата на иновативната технологија или продукт во претпијатието
    • Обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за развој на иновативни производи
    • Менторирање од страна на стручни лица, претприемачи и консултанти
    • Поврзување со клиенти
    • Промоција на производи
    • Организирање настани за вмрежување и интернационализација.

Мултидисциплинарниот професорски тим на ТТФ (составен од технолози, хемичари, биолози, доктори на медицински, земјоделски и технички науки, информатичари, економисти) стручно е насочен кон процесно-технолошките аспекти на производството на храна, и тоа во согласност со барањата на современиот потрошувач и новите сознанија во технологијата и науката за храна и исхрана. Поради тоа, канализирањето на оваа експертиза кон бизнис секторот овозможува нов пристап во правец на креирање, производство и промоција на различни видови на функционална и нова храна, храна за посебни нутритивни потреби, додатоци на исхрана и слични производи, следејќи го концептот на минимално процесирана храна и зачувување на биоактивните карактеристики на суровините. На овој начин се очекува зголемена понуда на нови прехранбени продукти со оптимизиран нутритивен квалитет на пазарот или нова понуда на храна за популациони групи со специфични нутритивни потреби (на пр. диабетичари, лица со интолеранција на одредена храна).

Проектот беше финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Можеби ќе ве интересира: