Русковска: Мијалков не може да помине граница, пасошот му е одземен

Сашо Мијалков не може да помине граница, затоа што му е одземена патната исправа. Дали има уште некоја патна исправа не ми е познато, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Русковска, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Zito akcija 640x289px

Прашана во однос на некои извештаи дека Сашо Мијалков има чешки и хрватски пасош, Русковска рече дека таа нема такви информации.

Agria

„Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато“, рече Русковска.

Прашана дали тој може да се појави на граница и да не го покаже македонскиот пасош кој му е одземен и да помине легално со некој друг пасош доколку го има, Русковска рече дека во фаза на судење, каде што му е одземена патната исправа не би смеел да биде пуштен на наша граница.

„Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата на легален премин. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално“, изјави Русковска.

Таа посочи дека нема информации дека тој ја напуштил државата и последно што го знае, од разговорите со полиција е дека вршат распит на луѓето околу Мијалков, дека се одземени телефони и персонални компјутери, кои ќе бидат дадени на вештачење.

Според информациите кои таа ги има од полиција, последен пат Мијалков визуелно е забележан во 15 часот како со сопругата влегува во Мериот.

Преземено од libertas.mk

Фото: Б. Грданоски

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: