Министерот за здравство Венко Филипче, на граничниот премин Табановце денеска ја прими втората пратка вакцини од соседна Србија.
Филипче ја прими донацијата од неговиот српски колега Златибор Лончар. Тие двајцата ја претоварија пратката од автомобилот, со кој српските власти ги транспортирале вакцините до Табановце, во возило на македонското здравство.
Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.
Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2627289450911405Можеби ќе ве интересира: