Во текот на утрешниот ден (четврток) исплата на пензиите, а постапката ќе биде етапна и се однесува на февруарските пензии.
Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно. Целта е да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи. Распоредувањето е поред висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток)
-Пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок)
-Со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник) и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник)
Од МТСП апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Moжеби ќе ве интересира: