![Rk Borec Prolet kup](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/untitled-1.jpg?resize=618%2C311&ssl=1)
Ракометарите на ГРК Борец не обезбедија пласман во осминафиналната рунда во групите на Купот на Македонија. Тие вечерва беа високо поразени од екипата на Пролет со резултат 38 : 19.
Уште во првиот дел екипата од Кисела Вода најави дека нема во план да направи кикс. Пролет одигра убедлива партија, константно имаше резултатска позитива и заслужено ќе игра во осминафиналната рунда.
Кај Борец со пет погодоци се истакна Антониј Андовски, а по четири имаа Атанасовски и Миленков. Во екипата на Пролет најефикасен беше Мартин Димов кој постигна седум погодоци, додека го следеше Иван Џонов со шест.
Можеби ќе ве интересира: