Викендов продолжуваат натпреварите од Првата женска фудбалска лига а на распоред е 16 коло. Во Велес екипата на ЖФК Борец ја пречекува екипата на ЖФК Шкупи. Двете екипи ќе имаат тешка задача во борбата за опстанок, па тоа ќе понуди и интересна пресметка за трите бода.
Колото го отвараат екипите на Шкендија и АС Јунајтед, како и дуелот помеѓу Атлетико и Истатов, натпревари кои ќе се одиграат во сабота.
Останатите дуели ќе се одиграат во недела, а се среќаваат:
Деспина Прилеп – Плачковица
Каменица Саса – Кочани
Тиверија – Скопје
Љуботен – Топ Гол
Слободна е екипата на Речица. Натпреварот во Велес започнува во 12 часот.
Можеби ќе ве интересира: