Реклама

(ВИДЕО) ЖФК Борец со “петарда” ги испрати гостинките од Скопје

Фудбалерките Борец запишаа важна победа екипата на Шкупи со резултат 5:1 (3:1), со која ги потврдија своите амбиции. 

Zito akcija 640x289px

Иако почетокот на натпреварот не наговестуваше ваков развој на настаните, бидејќи гостинките од Скопје во 9 минута од натпреварот го отворија резултатот преку Селман Рудина.

Agria

Домаќинките брзо се соземаа и ја контролираа играта. Во 19 минута дојде до израмнување преку Шемсовиќ, за да по пет минути игра Стојчева и ги носи во водство. Со голот на Трипчева во 31 минута се зголеми водството на 3:1.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на фудбалерките на Борец. Кицара во 55 минута го зголеми водството на 4:1, а конечниот резултат го постави Јавашева со прекрасен гол во 62 минута.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18884/drastichno-namalen-brojot-na-novozarazeni-vo-poslednite-24-chasa/