Хуманитарни пакети од Црвен крст доделени на лица со социјален ризик во Општина Градско

Crven krst humanitarna pomos Gradsko

Семејствата и лица кои живеат во социјален ризик, со ниски примања, оние кои останале без работа поради Ковид кризата беа таргет група при распределбата на хуманитарни пакети во Општина Градско.

Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес посетија повеќе семејства во четири населени места. Хуманитарни пакети со храна и со средсва за хигиена се поделија во Градско, Чичево, Виничани и Ногаевци.Хуманитарната помош е донација од Црвен крст обезбедена преку Меѓународната федерација.

Agria

Освен во Градско, претходно пакети беа поделени во Велес и во Чашка, Богомила, Мелница, Долно Враноци, Стари град. И оваа хуманитарна помош како и претходните најмногу треба да придонесе да се намалат ефектите од кризата која е предизвикана од пандемијата со ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: