Изводите од матичните книги заминуваат во историјата, ќе ги замени една потврда од Централниот регистар на население

izvod od maticna kniga na rodenite
izvod od maticna kniga na rodenite

Целосна дигитализација на водењето на матичните книги, најави вицепремиерот Љупчо Николовски како дел од Антикорупцискиот план на Владата.

Тој рече дека граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку тоа сите тие потврди ќе бидат заменети со само еден извод од Централниот регистар на население.

Agria

„Ова ќе се постигне преку измена на десетина соодветни закони во наредниот период“, најави Николовски.

Тој освен оваа мерка, презентираше и низа други кои се очекува да ја намалат корупцијата во државава.

„Анализите покажаа дека подигање на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат голема улога во намалување на корупцијата“, рече Николовски.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: