Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев го најави стартот на изградбата на нов парк во Кавадарци. Паркот ќе се простира на површина од 3500 метри квадратни, а ќе чини близу 60 илјади евра, пари обезбедени од донации, од кои 1.100.000 денари ги донира Кожувчанка, а 2.500.000 денари ги донира кавадарчанец кои живее во САД.
Идејното решение за новиот парк го изработи тимот на „Мој општинар“. Паркот ќе биде модерно осветлен, со светлечки тела од птичја и жабја перспектива. Во паркот е предвидена и модерна фонтана, на повеќе нивоа, а движењето во него ќе биде олеснето за лица со телесен инвалидитет. Паркот се гради до споменикот на Киро Крстев.
Ова е прв пат по 40 години во Кавадарци да се гради нов парк. Лани Општина Кавадарци го реконструираше стариот градски парк, а годинава таму се планира и дополнителна инвестиција, со што овој град, според бројот на жители, ќе биде меѓу првите со најмногу зеленило во урбана средина.
Можеби ќе ве интересира: