(ВИДЕО) Прва победа на Борец во пролетниот дел од првенството

Велешкиот фудбалски прволигаш Борец ја запиша првата пролетна победа, окако денеска на својот градски стадион „Зоран Паунов“ со 2:1 го совлада „фенерџијата“, тимот на струмичка Беласица.

Zito akcija 640x289px

Велешани рано го отворија резултатот и ја наогвестија победата, кога во 4. минута, по една соло акција, хрватскиот интернационалец од работ на шеснаесетникот биеше во поблискиот агол на гостинскиот голман и го постигна својот дебитантски гол на официјален натпревар за Борец.

Agria

Струмичани брзо ги средија своите редови, ја преземаа играта и почнаа да притискаат кон голот на Ѓорѓиевски, а резултат на тоа беше израмнувачкиот гол во 17. минута, кога по корнерот, одбраната на Борец „заспа“, а највисок во скокот беше Митевски, кој со глава биеше неодбранливо во голот на домашните.

По примениот гол велешани како да се разбудија и почнаа да создаваат шанси, но ја искористија онаа во последната минута од полувремето, кога во класичен контранапад, топка доби робусниот Адили, кој добро ја прими и исконтролира и излезе сам пред голманот Вулиќ, рутински сместувајќи ја топката во неговата мрежа, за водство од 2:1.

Во второто полувреме Борец имаше повеќе од играта, создаде и неколку шанси, од кои најголема беше онаа во 85. минута, кога Баша продре по деснатра страна, го проигра Чичевски, кој од десетина метри шутираше во празниот гол, но некој од играчите на Беласица од самата гол линија топката ја одби во поле.

Ова е важна победа за Борец, кој повторно се искачи на шестата позиција, со големи шанси по следното коло да остане во првата половина од табелата, што ќе му овозможи во следниот круг натпревари против сите прволигаши да игра еден натпревар повеќе на домашен терен.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: