Реклама

Собранието и изгласа доверба на Владата

sobranie glasanje doverba zaev

Собранието денеска и изгласа доверба на Владата, откако претходно Зоран Заев тоа усно го побара од пратенциите.

Zito akcija 640x289px

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против.

Agria

Премиерот и лидер на СДСМ пред гласањето истакна дека побарал пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, по прв пат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, за да се разјаснат некои работи што во јавноста ги наметна опозицијата околу владејачкото мнозинство во Собранието.

„Ја преземам одгвоорноста да се соочиме и да расчистиме. Да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот да покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција“, рече премиерот пред пратениците.

Според член 217 од собранискиот Деловник, Собранието гласа за доверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Во случај кога прашањето за доверба го поставува претседателот на Владата, усно на седница на Собранието, пратениците гласаат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето, како што е наведено во овој член од Деловникот, има право да му се обрати на Собранието.

Во Собранието денеска, како што соопшти спикерот Џафери, се сите 62 пратеници од мнозинството.

За координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса на Албанците, со овој гест Владата сака да го покрие слабото работење последниве неколку месеци, а потоа да си продолжи да си тера по старо.

Ако се изгласа доверба на Владата, во наредните 90 дена нема да може да се поставува тоа прашање, т.е. нова иницијатива за доверба. Ако нема доволно гласови за доверба, таа паѓа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18959/fabrikata-za-voda-na-jkp-derven-obelezha-30-godini-postoene/