Фабриката за вода на ЈКП Дервен обележа 30 години постоење

30 години од изградбата на Филтерната станица, обележа денеска Јавното комунално претпријатие „Дервен“, во кругот на фабриката за вода. Актуелниот директор на комуналното претпријатие Антон Јовиќ се осврна на времето кога се градел Хидросистемот „Лисиче“ и фабриката за вода.

Zito akcija 640x289px

„Фабриката за обработка на вода за пиење е изградена во 1991 година. Во фабриката суровата вода што се доведува од хидросистемот „Лисиче“ се обработува низ неколку хемиски и технолошки процеси, се тестира нејзината микробиолошка и хемиска исправност  и се пласира во градската дистрибутивна мрежа. Капацитетот на фабриката за производство на вода изнесува 300 литри во секунда“, рече Јовиќ.

Agria

Триесет годишниот јубилеј од постоењето на филтер станицата на вработените на ЈКП „Дервен“ им го честита и Градоначалникот Аце Коцевски.

„Изразувам голема благодарност до сите вработени за вложениот труд уште пред 30 години да се изгради Хидросистемот и Филтер станицата со што се обезбеди квалитетна вода за пиење за сите граѓанки и граѓани на Велес и населените места. Но сепак сакам да потенцирам дека не треба да се запоставува системот на рени бунарите, бидејќи тоа е единствената алтернатива за снабдување со вода за пиење во градот и населените места“, рече Коцевски.

Со истата динамика како и досега Јавното претпријатие „Дервен“ ќе продолжи и годинава кога планира да инвестира околу 40 милиони денари сѐ со цел да обезбеди уште поквалитетни услуги за жителите на Велес. За да се намалат загубите на вода претпријатието ќе продолжи со поставување на водомери на системите за наводнување, јавните чешми и фонтаните. Ќе обезбеди SCADA систем за контрола, управување и мониторинг со дистрибутивниот водоснабдителен систем а ќе обезбеди и лабораторија за микробиолошки преглед на водата.

DSC_0104

На настанот присуствуваа поранешни директори и раководители на претријатието, кои целиот свој работен век го посветиле на обезбедување здрава и кавлитетна вода за пиење за жителите на Велес и околните населени места.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: