Нормализиран е сообраќајот на делницата Велес – Градско. ОД АМСМ информираат дека од 07:30 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Градско е нормализиран.
Инаку ноќеска во 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правец Велес – Градско беше во прекин.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Moжеби ќе ве интересира: