Двајца мртви е епилогот по пукотница која утрово се случила во скопската населба Топанско поле.
Според неофицијалните информации, околу 3 часот утрово со „калашников“ се изрешетени две лица кои седеле во паркирано возило, по што засега непознатите напаѓачи со возило го напуштиле местото и се во бегство.
На лице место има полициски екипи, а јавен обвинител врши увид на местото на несреќата по што ќе се знаат повеќе информации.Засега не е познат мотивот за убиството.
Mожеби ќе ве интересира: