Овој викенд се закажани се сите шест натпревари од 22 коло кое е последно од првиот двокружен дел на првенството. Борец гостува во Битола кај екипата на Пелистер која се наоѓа на осмото местосо 25 бода.
Судиска тројка од Кичево ќе ја дели правдата на натпреварот Под Тумбе кафе. Главен судија на овој натпревар ќе биде Марјан Стојановски , додека негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветановски исто така од Скопје. За четврт судија на натпреварот одредена е Ирена Величковска од Прилеп.
На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:
Македонија Ѓорче Петров – Силекс (Стојанче Трипчевски – Кавадарци)
Шкендија – Ренова (Јован Качевски – Струга)
Вардар – Струга ТЛ (Игор Стојчевски – Скопје)
Беласица – Академија Пандев (Крумислав Ѓоргиев – Штип)
Шкупи –Работнички (Александар таврев – Скопје)
Колото ќе го отворат во сабота Македонија и Силекс, а останатите натпревари од ова коло се играат во недела, со почеток од 14:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: