Пациент од Градско на возраст од 59 години, заразен со коронавирус, почина утрово во велешката болница. Пациентот бил донесен синоќа во тешка состојба, а му бил направен брз тест за ковид-19, кој бил позитивен. Тој е 112 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на пандемијата.
Во меѓувреме, во велешката болница вкупно 39 пациенти се хоспитализирани поради ковид-19. ОД нив, 26 имаат позитивни тестови, шестмина се сомнителни, а седуммина имаат негативен брис, но имаат потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Велес со коронавирус се заразија 3562 граѓани, од кои 3206 се излечија, а активни се се уште 245 случаи.
Можеби ќе ве интересира: