Општина Велес е вклучена во финансискиот пакет за ИПА 3 на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес во ИПА 3 програмата е вклучена заедно со Општина Штип за реализација на проект за изградба на пречистителна станица со колекторски систем.
Само техничката документација подготвена во рамките на овој капитален проект чини околу 1,5 милиони евра. До сега завршена е физибилити студијата или студијата на изводливост на проектот, кост –бенефит анализата односно анализата на економската исплатливост на проектот и основниот проект за изградба на колекторски систем, реконструкција на канализација и изведба на нови линии. Завршен е и идејниот проект за изградба на пречистителната станица.
Почетокот на градење се очекува да биде во втората половина на 2022 година, а очекуваната вредност според проектната документација е од 23,5 до 24 милиони евра.
Општината во меѓувреме треба да започне со подготвителните работи за изведба на овој проект и експропријација на потребното земјиште која би се наоѓала во околината на Крзнарата ,,Димко Митрев,,.
Можеби ќе ве интересира: