Кога велешанецот Костадин Алчев вчера стигнал кај своите сандаци за пцечи кои се наоѓаат во близина на Башино село имало што да види. Половина од сандаците биле искршени од засега непознат сторител. Алчев вели е изненаден од случката, прашувајки се на кого му пречат сандаци со пчели.
„Никому не сметаат пчелите, ова сигурно е направено од завист, бидејќи сторителот не украл ни грам мед.“, вели Алчев
Алчев вели дека овој злонамерен чин е најверојатно е направен во неделата, затоа што тој до касно вечерта бил таму.
Можеби ќе ве интересира: