Пациент на 56 годишна возраст, од Горно Оризари, лекуван на инфективно одделение еден ден е новата 115 жртва на коронавирусот во Велес, известуваат од велешката болница.
Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница е скоро ист како вчера. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 46 пациенти поради коронавирус, од кои 34 се со потврден позитивен тест, шест се сомнителени и шест пациенти се со негативен брис, но задржани на болничко лекување.
Од хоспитализираните пациенти, на кислородна поддршка се 20 пациенти.
На инфективното оддление се лекуваат 39 пациенти, а седум се сместени на интерното одделение.
Од болницата апелираат до граѓаните почитување на мерките за заштита од коронавирусот: носење маска, држење дистанца од два метри, честа дезинфекција на рацете и забрането групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден.
Можеби ќе ве интересира: