Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Mакедонија во кое нагласи уште еднаш дека нема да ги признае резултатите од Изборното собрание при ФФМ, кое треба да се одржи утре.
Мојсоски и Мухамед Сејдини одамна се обидуваат да пронајдат заеднички јазик, првиот човек на АМС наложи до ФФМ дека мора да се почитува новиот закон за спортот, но од фудбалската федераија не размислуваат за промени во изборот и структурата.
Тој во соопштението рече дека ФФМ мора до го почитува законот за спорт.
„АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните укажувања, продолжува да функционира спротивно на законот и позитивното право во државата.
ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС.
Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат. Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт. Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи“, стои во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: