Реклама

Бројот на новозаразени и оздравени велешани ист во последните 24 часа

veles

Нови 15 позитивни случаи на ковид-19 во последното деноноќие во Велес регистрираше Министерството за здравство . Во ковид статистиката влегоа исто толку оздравени велешани. Активниот број на случаи во Велес е 324.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје – 290, Прилеп – 43, Тетово – 22, Охрид – 21, Гостивар – 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 16, Велес – 15, Штип и Струмица – по 13, Ресен – 12, Неготино – 10, Куманово – 7, Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2, Кичево и Радовиш – по 1. 

Регистриран е 521 оздравен пациент, пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19209/priveden-orcze-kamchev-se-podgotvuval-za-begstvo/