Реклама

Реми на дербито во Превалец

Екипите на Превалец и Локомотива од Градско одиграа реми без погодоци (0-0), на дуелот од 16 коло на Трета македонска фудбалска лига Југ. На овој дуел изостанаа и вистинските шанси, па голманите на двете страни немаа премногу работа. 

Zito akcija 640x289px

Најблиску до погодок беа домаќините, но капитенот на Превалец не реализираше најстрога казна во 10 минута.

Agria

По ова коло екипата на Превалец е на делбата на третата позиција со 31 бод, додека Локомотива Градско го загуби врвот и сега е на втората позиција со 35 бода.

За одбележување е непојавувањето на екипата на Илинден од Башино село на гостувањето во Кривогаштани. На останатите натпревари се постигнаа следните резултати.

Ново Црнилиште – Напредок Крушеани 2 : 0

Дојранско езеро – Питу Гули 3 : 1

Превалец – Локомотива 2018 0 : 0

Динамо – Марена 3 : 3

Братство – Вардар Неготино 3 : 2

Големо Коњари – Обршани 2 : 2

Младост Кривогаштани – Илинден неодигран

Младост Удово слободен

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19223/video-i-veles-ima-svoja-konanicza/