понеделник, 12 април, 2021
Реклама

(ВИДЕО) И Велес има своја коњаница!

Иако живееме длабоко во 21 век, многу од навиките на велешани наликуваат на оние од пред векови. Низ улиците на градот често можат да се забележат запрежни коли кои ги влечат коњи, попознати како арабаџиски коли. Откако ваквите „учесници во сообраќајот“ ќе се појават по коловозите, често се опасност за возилата и пешаците, а градските улици се полнат со измет од животните.

Законот не дозволува вакви „возила“ да се движат по градски улици, но полицијата често ги толерира и не презема ништо. Така е и овој пат, кога нашата камера улови една запрежна кола, придружувана од „коњаник“, кој го јава својот коњ.

Kegi Mobi

Настанот е од вчера – недела 14 март, а се случува во близина на Градскиот пазар. Во еден момент полициско возило се разминува со „коњанинцата“, но реакција нема.

Можеби ќе ве интересира: