Реклама

Соседна Бугарија последна според медиумската писменост во Европската унија

bugarija

Бугарија се наоѓа на последното место во Европската унија според индексот за медиумска писменост од 2021 година, и на тоа ниво е веќе четири години. Индексот се објавува годишно од Европската иницијатива за политика (EuPI) при Институтот отворено општество – Софија од 2018 година. Тој ги проценува жителите на 35 европски земји според степенот до кој имаат отпор кон ширењето лажни вести, пишува Телевизија 24.

Zito akcija 640x289px

Со цел да се состави индексот, се испитува нивото на слобода на медиумите во соодветната земја, нивото на образование и доверба меѓу луѓето.

Agria

Лошите перформанси на Бугарија се должат на слабите резултати на медиумска писменост во анкетите на ПИСА, слабите проценки на слободата на медиумите на меѓународната ранг-листа на Фридом Хаус и Репортери без граници и ниското ниво на доверба кај луѓето.

Државата се движи подобро во однос на учеството на населението со високо образование и електронско учество на граѓаните во управувањето, но тоа не е доволно за да се помести од последното место во ЕУ во однос на медиумската писменост, јавија бугарски медиуми.

Финска (1 место), Данска (2 место), Естонија (3 место), Шведска (4 место) и Ирска (5 место) се на врвот на ранг-листата според индексот за медиумска писменост во 2021 година. Овие земји имаат најголем потенцијал да ги издржат негативните ефекти на лажните вести и дезинформациите во Европа поради високите нивоа на квалитет на образование, слободата на медиумите и довербата меѓу луѓето.

Извор: Телевизија 24

Moжеби ќе ве интересира: