До 31-март основно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје нема да работи поради зголемен број на заразени, а учениците кои посетуваа физичка настава, од овој момент ќе ја следат онлајн.
Одлуката е донесена поради зголемениот број на ковид позитивни случаи потврдуваат од општина Карпош.
Повеќемина вработени во скопското училиште меѓу кој и директорката се заразени со Ковид-19, а бројката на заболени ученици не е позната во моментов бидејќи учениците ќе се тестираат во наредните денови.
Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на ковид-19 ширум земјава.
Можеби ќе ве интересира: