Модуларната ковид болница во Велес денеска ги прими првите пациенти. Таму се хоспитализирани 16 ковид-болни, со што е растеретено инфективното одделение во велешката болница.
Оттаму денеска информираат дека во моментов поради коронависурс се хоспитализирани вкупно 58 пациенти, од кои 32 се на инфективното одделение, 10 на интреното одделение, а 16 во модуларната болница.
Дури 21 пациент имаат потешки симптоми на ковид-19, па добиваат кислородна поддршка. Од вкупниот број хоспитализирани, 43 имаат позитивни тестови, петмина се сомнителни, а 10 пациенти имаат негативен брис, но се задржани на болничко лекување. Испишани се тројца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Во моментов, во Велес активни се 314 случаи со ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: