Состојбата со ковид-19 во Велес е сериозна, оцени Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски. Тој истакна дека многу млади кој немаат симптоми се шетаат а го шират вирусот низ своите фамилии.
Тој заедно со Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес дадоа мислење и препорака да се намали работното време на угостителските објекти.
Во општината вкупно се регистрирани 3842 заболени од Ковид-19 од кои 3359 се оздравени а 365 се активни. Досега како последица на Ковид-19 во Велес починале 118 лица.
Можеби ќе ве интересира: