Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта вржените ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во земјава температурите ќе се движат во интервал помеѓу -3 до +4 наутро, а во текот на денот максималната температура ќе достигне до +11 степени.
Пообилни врнежи ќе има утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.
Можеби ќе ве интересира: