Во крајно интересен и возбудлив натпревар, одбојкарите на Борец ја забележаа првата победа во втората фаза во најсилната македонска машка одбојкарска конкуренција.
Во салата “Гемиџии” во Велес совладана беше екипата на Вардар со резултат 3:2 (25:23, 17:25, 19:25, 25:22, 16:14). Првиот сет донесе израмнето надигрување, во кое првата иницијатива ја презеде домашниот тим и го доби сетот со 25:23.
Сосема поинаква слика донесе вториот сет, во кој целосно доминираа скопјани. Уште од самиот почеток се одлепија и практично во раната фаза го одлучија освојувачот на сетот.
Пресвртот беше комплетиран во третиот период од мечот. Вардар ги искористи многуте технички грешки на противникот и со резултат 19:25 дојде до предност од 2-1 во сетови.
Сепак во четвртиот сет домаќините смогнаа сили и го добија со 25:22. Домашните одбојкари полесно го “читаа” ривалот, па тоа им ја олесни работата за израмнување на 2:2.
Во петтиот сет гостите имаа континуирано водство. Дури имаа и меч топка, но по серија технички грешки кои ги направија, домаќините беа тие кои се радуваа на победата.
Натпреварот може да го погледнете овде:
https://www.facebook.com/109675073947029/videos/1154274905001877
Можеби ќе ве интересира: