Несовесен возач за малку ќе предизвикаше железничка несреќа, кога вечерва го паркираше својот автомобил меѓу двете железнички рампи, кај мостот „Гемиџии“ во Велес.
Откако го остави својот автомобил на само неколку сантиметри од пругата и излезе од него, рампата се затвори и удри во автомобилот, а возот само што не беше поминал. Вистинска среќа е што некој навреме го предупредил машиновозачот за опасноста, па тој успеал да го сопре возот пред преминот кај рампата во центарот на градот.
По ова, на вчудоневиденост на многумина очевидци, возачот, чиј автомобил имаше штипски регистарски таблички, влезе во автомобилот и со него се протна меѓу рампите, поминувајќи ја пругата и се искачи на тротоарот на мостот.
Ова е втор сличен инцидент за два дена, откако во четвртокот во слична ситуација се најде џип, кој преминувајќи ја пругата кај рампата во месноста „Дворови“, рампата му се затвори, а возачот имаше толку време, колку да го помести возилото, за возот само да му го изгреба.
Можеби ќе ве интересира: